„Ист Гејт подарок-картичка“ - East Gate Mall
?>

„Ист Гејт подарок-картичка“

image of the store

„Ист Гејт подарок-картичка“

Со „Ист Гејт подарок-картичка“ на East Gate Mall и Комерцијална банка го дарувате идеалниот подарок. Картичките се одличен подарок за секоја пригода – роденден, матура, венчавка, Нова година или кој било друг повод. Со убавиот дизајн на картичката и пакување со можност за лична посвета, подарувате внимание кое остава одличен впечаток.

 

ВО КОИ ИЗНОСИ Е КАРТИЧКАТА?

Со износи од 1.000, 2.000, 3.000, 4.000 и 5.000 денари и можност да се користат во голем број продажни места во East Gate Mall им овозможувате на вашите блиски самите да го одберат својот совршен подарок.

КАКО МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЕ?

„Ист Гејт подарок-картичките“можете да ги купите во најблиската експозитура на Комерцијална банка. Сѐ што треба е да го одберете износот што сакате да го подарите – 1.000, 2.000, 3.000, 4.000 или 5.000 денари. Картичките ги добивате веднаш и без пополнување формулари.

Подарок-картичката не е персонализирана, односно на неа нема име и презиме и може да се користи од лицето што ја поседува уште веднаш.

ВО КОЈ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?

Износот на картичката може да се искористи во продавниците во трговскиот центар East Gate Mall кои се дел од оваа програма, во период од 6 (шест) месеци од нејзината набавка.

Износот може да се троши повеќекратно, а сопственикот може да ја провери состојбата на својата картичка во кое било време преку интернет-страната на Комерцијална банка на следниот линк или на шалтерите на Банката.

 

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?

„Ист Гејт подарок-картичката“ е наменета за физички лица и за правни субјекти кои сакаат да подарат вредност за вработените во компанијата. Таа претставува модерно и елегантно решение кога барате најсоодветен подарок за да изразите љубов, внимание, радост, почит или задоволство.

КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?

Имателот на картичката ќе може сам да си го одбере подарокот по своја желба од најпознатите брендови достапни во East Gate Mall за облека, обувки, технологија, козметика, додатоци. Изборот е огромен! Погледнете ја листата на продавници во East Gate Mall.

Продажни места во East Gate Mall каде може да се користи подарок-картичката

 

Назив Категорија Локација
Kares premium за дома Ниво -1
City Fashion машка / женска мода Приземје
Cvekara Tedi Bloument I Art цвеќарница Ниво -1
Car Box авто козметика Ниво -2
Lush козметика Приземје
Madame Coco за дома Прв кат
Skachers обувки Приземје
Office Shoes обувки Приземје
Under Armour спорт Прв кат
Fashion house машка / женска мода Приземје
Tommy Hilfiger машка / женска мода Приземје
Gant машка / женска мода Приземје
L’Occitane козметика Приземје
Sport Vision спорт Прв кат
Buzz спорт Прв кат
Nike спорт Прв кат
Sport Riality спорт Прв кат
Zen Diamond златара Приземје
Literatura café кафе бар Прв кат
Literatura книжарница Прв кат
Patrizia Pepe женска мода Приземје
Twinset женска мода Приземје
Carpisa модни додатоци Приземје
Liu Jo женска мода Приземје
Yamamay женска мода Приземје
L T B машка / женска мода Прв кат
I Style техника и телекомуникации Приземје
Jepuda козметика Приземје
Max Optiks оптика Прв кат
Bozhinovski часовници Приземје
Apteka Subra аптека Приземје
Arthur’s обувки Прв кат
Polleo Sport спорт Прв кат
Krusel електричен алат Ниво -2
5g Store мобилна галантерија Приземје
Springfild машка / женска мода Приземје
Okaidi детска облека Прв кат
Parfoise модни додатоци Приземје
Mango машка / женска / детска мода Приземје
Dan John машка мода Приземје
Timberlend обувки Приземје
Kiko Milano козметика Приземје
Feshn end Frends машка / женска мода Приземје
Djoi Kafe I bakery кафе бар Прв кат
My Time часовници Прв кат
La familija подароци за секого Ниво -2
Neptun техника и телекомуникации Ниво -1
Smaragd златара Приземје
DM Drogerie козметика Прв кат
Palestra фитнес Втор кат
Qunto Cigars тобако Прв кат
Qunto 1981 машка / женска мода Прв кат
Krsh играчки Прв кат
Original Marines детска мода Прв кат
Bonati машка / женска мода Прв кат
Linea женска мода Прв кат
Motocentar SEG продажба на гуми Ниво -2
Bella женска мода Прв кат
Opposite обувки Прв кат
Dioptra оптика Прв кат
ACC Fashion женска мода Прв кат